Поранешната потпретседателка на Европска комисија, Вера Јурова, во интервју за бриселскиот портал „Еуроњуз“, апелира на нов бран проширување на Европска Унија, посебно со Западен Балкан.
Таа истакна дека сретнува голем број луѓе од земјите од Западен Балкан, кои се презаситени од чекањето 20 години за пристапување кон ЕУ.
Мора да има некакво движење, посочи Јурова денеска, кога претседателот на Европскиот совет, Антонио Кошта ја почнува турнејата низ земјите од Западен Балкан.
Според Јурова европските стратешки интереси се повеќе го фаворизираат проширувањето.
– Со текот на времето, гледам дека тие повеќе ни требаат да се придружат отколку што ним им треба Европа. Мораме да имаме храброст да растеме политички и географски. Под голем притисок сме однадвор, наведе Јурова.
Таа истакна дека актуелната американска администрација повеќе ја „плаши“ повеќе од предизвиците кои претставуваат Русија или Кина.
– Во надворешната политика, искрено, САД се тие што ме плашат, наведе Јурова.
Таа се осврна и на случувањата во ЕУ и неодамнешните избори во Унгарија и одмрзнувањето на фондовите за Будимпешта, која сега треба да ги спроведе реформите во краток рок.
Јурова во претходниот мандат на ЕК (2019-2024) беше задолжена за владеењето на правото и вредностите на ЕУ, а во мандатот од 2014 до 2019 година за судството.
МИА


