Лицето кое синоќа застрела и повреди полицаец во германскиот град Дортмунд, рано утрово им се предаде на властите откако ноќта ја мина забарикадирано во стан во кој биле и неговите три деца.
Според полицијата, децата се безбедни и во добра состојба со оглед на околностите.
Инцидентот започнал вчера вечерта кога полицијата реагирала на итен повик од жена.
Осомничениот, 51-годишен маж, отворил оган кон полицајците, по што се забарикадирал во станот.
Полицаецот се здобил со полесни повреди, бидејќи носел заштитен елек. На местото на настанот биле распоредени специјални полициски единици и преговарачи, а по предавањето на мажот ситуацијата е ставена под контрола.
Мотивите за инцидентот засега не се познати. Германскиот весник „Билд“ објави дека децата биле заложници, како и дека осомничениот претходно предизвикал инцидент во ресторан, но полицијата засега не се огласила во врска со таквите наводи.
МИА


