Претседателот на Чешка, Петр Павел, пред кадетите од Средното воздухопловно училиште во Куновице, изјави дека е илузија оти Русија ќе се откаже од хибридните напади врз европските земји.
– Русија, нас, како држави и членка на НАТО, нè означува како непријател и би било наивно да се преправаме дека тоа не е случај. Русија е земја, која за жал се однесува како империја и се обидува да владее и да ги контролира земјите околу неа, истакна Павел.
Тој предупреди дека е голема илузија оти во Европа ќе завладее мир откако ќе заврши војната во Украина и дека Русија ќе се однесува како пријателска држава.
– Не велам дека Русија, откако ја заврши војната во Украина веднаш ќе почне војна со НАТО, но може, а тоа и ќе го прави, да продолжи со хибридна војна, посочи Павел.
МИА


