Авион на израелската компанија „Изрер“, што требаше да слета во главниот град на Словенија, Љубљана е пренасочен кон Загреб, откако словенечките власти не одобрија слетување.
„Изрер“ тврди дека одлуката на Словенија е политички мотивирана и е во спротивност со авионските договори и законите на Европска Унија.
Засега не е познато дали инцидентот е поврзан со политичките околности или други причини, а словенечките власти сè уште не го коментирале случајот.
Словенија во 2024 година ја призна Палестина, а следната година воведе санкции за израелските министри Итамар Бен-Гвир и Безалел Смотрих.
МИА


