Излезноста до 9 часот наутро на изборите за собранието на привремените приштински институции е 2,99 проценти, а најголема излезност има во српските области, во северниот дел на Косовска Митровица, дури 10,67 проценти, покажуваат податоците од Централната изборна комисија (ЦИК) во Приштина.
Според податоците објавени на веб-страницата на Централната изборна комисија, излезноста до 9 часот наутро била 10,13 проценти во Звечан, 6,06 проценти во Зубин Поток, 7,23 проценти во Нови Брдо, 6,19 проценти во Ранилуг, 5,43 проценти во Грачаница, 3,55 проценти во Лепосавиќ и 3,94 проценти во Штрпач, пренесува Танјуг.
Кога станува збор за албанските заедници, излезноста е 4,07 проценти во Приштина, 3,09 во Јужна Митровица, 2,88 проценти во Липјан, 2,92 во Пеќ, 2,55 во Подуево, 2,07 во Призрен, 3,36 проценти во Вучитрн, а најниска излезност има во Мамуша, 1,22 проценти.


