Малопродажните цени на бензините „евросупер БС-95“ и „евросупер БС-98“ од полноќ се намалуваат за 2,00 денари, а на „евродизелот (Д-Е V)“ и на екстра-лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) се зголемуваат за 1,50 денар за литар – соопшти денеска Регулаторната комисија за енергетика.
Новата цена на „евросупер БС-95“ ќе биде 86,00 денари, „евросупер БС-98“ ќе се продава за 88,00, „евродизелот БС (Д-Е V)“ за 87,00, а „екстра-лесното 1 (ЕЛ-1)“ за 89,00 за литар.
За 0,609 денари поевтинува „мазутот М-1 НС“ и еден килограм ќе чини 47,297 денари.
МИА


