Косовскиот премиер Аљбин Курти ги повика сите политички партии на соработка со цел да се надмине 18-месечниот политички застој, откако неговото движење „Самоопределување“ победи на вчерашните парламентарни избори, но не обезбеди доволно мандати за самостојно формирање влада.
Според официјалните резултати, „Самоопределување“ освои 43 отсто од гласовите по пребројани 99,4 отсто од гласачките ливчиња на изборите, кои се трети во последните помалку од 18 месеци.
Демократската партија на Косово освои 21 отсто од гласовите, а Демократскиот сојуз на Косово 18 отсто, на изборите распишани поради тоа што фрагментираниот парламент не успеа да избере претседател на Собранието, а потоа ниту шеф на државата.
Иако сè уште треба да се пребројат околу 100.000 гласови од дијаспората, „Самоопределување“ нема да може да обезбеди апсолутно мнозинство неопходно за самостојно владеење.
Партијата, според проценките, веројатно нема значително да го надмине резултатот од 51 отсто освоен на изборите во декември, по кои исто така не беше постигнат договор со опозицијата за формирање на институциите.
– Во наредните недели ќе комуницираме, ќе се среќаваме и ќе соработуваме со сите политички субјекти – изјави Курти пред своите приврзаници доцна во неделата.

Неговите поддржувачи ја славеа победата до раните утрински часови во Приштина, иако се очекува неговата партија да освои помал удел на гласови во споредба со декемвриските избори.
Излезноста изнесуваше под 37 отсто, што е пад во однос на 45-те отсто на претходните избори во декември, соопшти изборната комисија.
Курти дојде на власт во 2021 година и, како и сите главни партии во Косово, е проевропски ориентиран, но се спротивставува на дополнителни отстапки кон Србија, со која односите остануваат напнати речиси две децении по прогласувањето на независноста.
Политичкиот аналитичар Артан Мухаџири оцени дека кризата најверојатно нема да заврши наскоро.
„Една опција е Курти да продолжи да владее со многу тесно мнозинство, што би создало проблеми за големите проекти. Друга е да направи големи компромиси“, изјави тој.
МИА