Лани изградени 3 733 станови, со просечна површина од 75 метри квадратни

Во  2025 година, деловните субјекти изградиле 3 733 станови, чија просечна корисна површина е 75.2 м2, од кои 3 677 се во индивидуална сопственост, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.

Најмногу се градело во Скопскиот регион.

Изградени се вкупно 1 852 објекти со вкупна станбена површина од 280 644 м2, а вредноста на извршените градежни работи изнесува 44.5 милијарди денари.

Индивидуалните сопственици, пак, извршиле градежни работи во вредност од 16.2 милијарди денари и завршиле 2 518 станови со вкупна површина од 320 404 м2, од кои 92  се станови во викенд-куќи со вкупна површина од 11 114 м2.

МИА

Најнови вести

Најново од Економија

Најчитани вести