АКТ веќе објави тендерски скандали вредни над 100 милиони евра, како едни исти, омилени фирми на власта добиваат тендери.
Три од овие омилени фирми се издвојуваат:
-Ленди Груп ДООЕЛ Скопје, која добила 74 тендери во вредност од 17,6 милиони евра за период од две години.
-Пирамид билдинг солушнс, со 51 тендер вреден 16 милиони евра.
-Масев ДООЕЛ со 93 тендери во вредност од 18 милиони евра.
Денеска објавуваме уште еден аспект на целата бизнис-шема, уште еден скандал.
Овие омилени фирми за тендери на власта имаат само 2 исто така омилени фирми со заеднички проектанти и надзор.
Во десетици општини и институции низ државата се повторува ист образец: истите изведувачи добиваат милионски тендери, а над нив работат само две фирми – „МГ Проект“ и „МБМ Архитекти“.
Еве неколку примери за тоа како се врзани.






1.Ленди Груп и МГ Проект
Во Кисела Вода, каде до скоро беше градоначалник Орце Ѓорѓиевски: изведувач на градежни работи е омилената фирма „Ленди Груп“, а за стручен надзор – МГ Проект.
Реконструкција на улици, партерно уредување на салата „Расадник“ и други проекти.
Општина Илинден: изведувач е омилената Ленди Груп, а за надзор, погодувате, МГ Проект. Апсолутен рекордер со 100 микродоговори.
2.Пирамид билдинг и МБМ Архитекти
Општина Аеродром: изведувач е омилената фирма Пирамид билдинг, а главен договор за надзор има МБМ Архитекти.
Општина Гази Баба: омилената фирма Пирамид билдинг, а МБМ Архитекти има два клучни договори: еден за надзор над изградба на објекти и еден за надзор над патна инфраструктура.
3.Истото важи и за Мастеф
Компанијата за урбана опрема и игралишта работи исклучиво под надзор на МБМ Архитекти и МГ Проект.
Општините Кисела Вода, Аеродром, Брвеница, Неготино, Министерството за спорт. За сите проекти каде работи Мастеф, се знае кои се надзор и проектанти.
Овие две фирми имаат подолга историја на работење во Македонија со проектирање и надзор, но никогаш претходно во вака структурирана шема поврзана со парите од унгарскиот кредит и омилените изведувачи на ВМРО-ОКГ.
Тоа го потврдуваат и бројките за профитот и склучените договори само во изминатите две години, во кои ВМРО-ОКГ има апсолутна власт во државата и во кои се реализира унгарскиот заем (со кинески пари).
Па така, МГ Проект во овој период успева да склучи договори со вкупна вредност од 2,4 милиони евра.






А МБМ Архитекти за овој период успева да склучи договори вредни 2,9 милиони евра!
Во проценти, ако пресметаме, од 2024 година имаат раст од неверојатни 288,65%!
Случајно е тоа што едни исти фирми добиваат тендери и едни исти омилени фирми вршат надзор и проектирање?
Ништо не е случајно.
Сè е бизнис-шема за Мицкоски и ВМРО-ОКГ, буквално сè.
Почитувани граѓани,
Дали гледате што се прави?
Дали гледате како се вртат милиони евра, ваши пари, преку тендери?



Нема пари за плати, нема пари за земјоделците, пари има само за тендери и бизнис-шеми.
А кога ќе снема пари и за тендери, е тогаш ќе сакаат предвремени избори.
Прашањето е до кога ќе молчи обвинителството и нема да презема ништо?
СДСМ најавува испитување на сите постапки и одговорност, од прв до последен!
Прес конференција на АКТ, Јон Фрчкоски – член на Извршниот одбор


