Ориз со пилешко и зеленчук

Сочен, мирисен и богат со вкус – овој ориз со пилешко и зеленчук е совршен домашен ручек кој се подготвува лесно, а резултатот секогаш воодушевува. Комбинацијата од меко пилешко месо, ароматичен зеленчук и добро зготвен ориз создава јадење што е истовремено заситно и префинето.

Потребни состојки:

  • 2 главици црвен кромид
  • 2 моркови
  • 1/2 тиквичка
  • 1 чаша (200 мл) свежа или замрзната брокула (на ситни цветчиња)
  • 1 и 1/2 чаша (200 мл) ориз со долго зрно
  • 2 коцки за пилешка супа
  • 3 листа ловор
  • 1 лажица доматен концентрат
  • 4-5 пилешки парчиња/батаци
  • Сол, бибер и зачини по вкус (зачинал, куркума, црвен пипер и сл.)

 
Подготовка: Во поголем сад со ладна вода ставете ги коцките за пилешка супа, ловоровиот лист, малку сол и бибер, а потоа додадете ги пилешките парчиња. Варете додека водата зоврие, па продолжете со готвење уште околу 15–20 минути. Потоа извадете ги пилешките меса, а течноста зачувајте ја како бујон.

Во тава загрејте малку масло и пропржете ги ситно исечканите кромид и морков. Кога ќе омекнат, додадете ја тиквичката исечкана на коцки, брокулата и измиениот ориз. Зачинете по желба (зачинал, бибер, куркума, малку црвен пипер) и динстајте неколку минути со постојано мешање.

Смесата од ориз и зеленчук префрлете ја во огноотпорен сад или тепсија и рамномерно распоредете ја.

Одозгора наредете ги претходно сварените пилешки батаци.

Прелијте со бујонот во кој се вареле батаците. За 1 и 1/2 чаша ориз потребни се приближно 4 и 1/2 чаши течност (однос 1:3), за оризот да остане сочен. Додадете го доматниот концентрат и нежно промешајте.

Печете во загреана рерна на 200°C околу 40–45 минути, додека оризот ја впие течноста и добие убава, сочна структура.
 
Послужете топло и уживајте во богат домашен вкус!

МИА