Иран ги осуди израелските напади врз Либан, и предупреди на последиците по регионалниот мир и безбедност, при тоа потенцирајќи оти САД имаат директна одговорност за ситуацијата.
Портпаролот на иранското Министерство за надворешни работи, Есмаил Багаи истакна дека завршувањето на војната во Либан е дел од Меморандумот за разбирање помеѓу САД и Иран.
– Иран ќе преземе неопходни мерки за да ги заштити своите интереси, безбедност и сојузници, наведе Багаи.
МИА


