Иран: САД имаат директна одговорност за израелските напади врз Либан

Иран ги осуди израелските напади врз Либан, и предупреди на последиците по регионалниот мир и безбедност, при тоа потенцирајќи оти САД имаат директна одговорност за ситуацијата.

Портпаролот на иранското Министерство за надворешни работи, Есмаил Багаи истакна дека завршувањето на војната во Либан е дел од Меморандумот за разбирање помеѓу САД и Иран.

– Иран ќе преземе неопходни мерки за да ги заштити своите интереси, безбедност и сојузници, наведе Багаи.

МИА

Најнови вести

Најново од Свет

Најчитани вести