Зголемувањето на дефицитот е потврда дека буџетот е празен и неизвесно е дали ќе има пари за плати и пензии.
Ете колку на ВМРО им е грижа за граѓаните – толку што заради нивниото расипничко однесување, во ризик е ставена исплатата на платите и пензиите.
Со најавата за зголемување на буџетскиот дефицит, власта брутално ги прекрши фискалните правила и Законот за буџети.
Законските одредби јасно кажуваат дека буџетскиот дефицит не смее да надмине 3 проценти од БДП.
Министерката Гордана Кочоска призна дека во буџетот нема пари.
Целиот планиран годишен буџетски дефицит е потрошен уште во првите шест месеци од годината.
Владата планира дополнително да го зголеми дефицитот, и покрај претходните ветувања дека ќе го намалува.
Тоа е директна потврда на она што СДСМ го говори цело време.
А продлабочувањето на дефицитот значи само едно – нови скапи задолжувања што ќе ги враќаат граѓаните и идните генерации преку повисоки камати, даноци, поскапи услуги.
Граѓаните најдобро знаат какво е вистинската состојба на економијата.
Доволно е да погледнат во своите паричници и фрижидери.
Таму не се гледа „трета економија во Европа“, туку раст на трошоците за живот, пад на куповната моќ и сè поголема загриженост за иднината.
Јавниот долг, кој Владата ветуваше дека ќе го намалува, за две години е зголемен за над 2,5 милијарди евра и се зголемува на 11 милијарди евра.
Парите не отидоа за повисоки плати, за мерки за граѓаните и компаниите, ниту за капитални инвестиции. Тие завршија во криминалните партиски тендери на ВМРО.
По две години вистината е јасна и видлива: со Мицкоски и ВМРО, економијата се движи кон колапс, граѓаните во длабока сиромаштија а државата во изолација.
Прес конференција на СДСМ, Наташа Поповиќ – членка на Извршниот одор


