Рускиот претседател Владимир Путин денеска изјави дека Украина напаѓа цивилни објекти на руска територија во обид да го дестабилизира општеството.
Во обраќањето пред дипломците на воените и безбедносните институции, Путин рече дека не гледа основа за директни преговори со украинскиот претседател Володимир Зеленски, имајќи ги предвид, како што наведе, нападите на Киев врз цивилни цели.
МИА


