Оман синоќа соопшти дека ги координирал своите активности со Меѓународната поморска организација (ММО) за да обезбеди привремен поморски коридор за бродовите што сакаат да поминат низ Ормуска Теснина.
Бродовите што сакаат да го користат привремениот коридор ќе мора да се согласат со ММО врз основа на координатите објавени од организацијата и властите на Оман.
Мерката има за цел да гарантира слобода на пловидба низ мореузот во согласност со меѓународното и морското право, што ја штити слободата на пловидба без наметнување транзитни такси.
МИА


