Локалната власт на јапонскиот град Нагасаки ги повикуваат сите 380.000 жители да се евакуираат поради обилните дождови и зголемениот ризик од лизгање на земјиштето.
Јапонската метеоролошка агенција предупреди дека се очекуваат уште обилни дождови во други делови од островот Кјушу, што можат да предизвикаат излевање на реките и поплави во ниските области.
Нивото на ризик е зголемено и во префектурите Фукуока, Сага, Нагасаки и Кумамото, додека предупредувања за пороен дожд се издадени за островот Шикоку.
Според метеоролошката агенција јужно од Јапонија се формираат два тропски циклона.
Изминатите години во Јапонија се почести се интензивни дождови, за кои научниците веруваат дека се поврзани со климатските промени.
МИА


