СДСМ: Анкети за покривање на слободниот пад на Мицкоски

Вчерашната нарачана анкета на ВМРО-ОКГ и последната „анкета“ на нивниот партнер Максим Димитриевски објавена денес, се огледало на истата лажна реалност во која живее владејачката тендер коалиција.

Во анкетата на ВМРО-ОКГ, СДСМ е веќе втора партија, а ВМРО бележи нов пад од 3,5% за само два месеци. 

Во анкетата на Максим, ЗНАМ е прва партија во Македонија и посилна од ВМРО-ОКГ. 

Партија која повеќе не постои во ниту една сериозна анкета, која ја напуштаат и последните членови, а чиј лидер е дел од владеачката тендер коалиција, сега објавува дека е најсилна политичка сила во државата.

Сè што допрва објавуваат и ВМРО-ОКГ и нивните сателити е целосно бесмислено. 

Толку многу лажат што веќе немаат ниту граници, ниту срам. 

Нарачани анкети, нарачани „истражувања“, нарачани заклучоци – сè е дел од истата операција за креирање на лажна реалност во која ВМРО-ОКГ и неговите партнери сателити се „непобедливи“, додека во реалноста се во слободен пад.

Мицкоски, поради сопствените лаги во кампањата и сега додека ја води владата, толку многу го изгуби рејтингот, а криминалната организација ВМРО-ДПМНЕ загуби преку 150.000 гласови.

Мицкоски упорно бара алиби од опозицијата за избори. 

Секојдневно инсистира некој од опозицијата да го „предизвика“ на избори, иако факт е дека тој веќе ги има зацртано датумите. 

Не може повеќе да чека економијата и буџетот целосно да се урнат. 

Како што предупредивме – кога ќе нема повеќе пари, односно кога ќе се исцрпи можноста за задолжување за криминални партиски тендери, Мицкоски ќе биде принуден да распише предвремени избори.

СДСМ Центар за комуникации со јавноста

Најнови вести

Најново од Македонија

Најчитани вести