Денес многумина од нас подготвуваат компот од секаков вид овошје, а каква и да е комбинацијата што ќе ја избереме, резултатот секогаш е одличен.
Состојки:
- 3 јаболка
- 1 лимон
- 10 сливи
- 5 круши
- 100 грама суви кајсии
- 50 грама сувa брусница
- 1 лажичка цимет
- 2,5 л вода
- 5 лажици шеќер или мед ( засладете по вкус)
Подготовка:
Подгответе го целото овошје, измијте го, излупете го и исечете го на парчиња или коцки. Во водата додатете го шеќерот (или медот) и циметот и откако ќе почне да врие додадете го целото овошје. Оставете го да се вари 15 до 20 минути, или додека овошјето не омекне. Ставете го компотот во фрижидер и сервирајте го ладен.
МИА


