На Вимблдон денеска се игра машкото финале тоа воедно е меч на најдобрите двајца тенисери во 2026 година Јаник Синер и Александер Зверев. Синер ќе се обиде да биде десеттиот тенисер во Опен ерата да ја одбрани титулата. Лани италијанскиот тенисер за првпат триумфираше на Вимблдон, со победа над Карлос Алкараз (не настапува поради повреда).
На последните девет меѓусебни мечеви Синер има победи над Зверев, но италијанскиот тенисер во најавата на финалето изјави:
– Се што било меѓу нас досега на мечевите е минато. Тој во меѓувреме го освои Ролан Гарос што му донесе голема самодоверба. Јас ќе се обидам да бидам најдобар.
Зверев на Вимблдон стигна како актуелен шампион на Ролан Гарос, а титулата ја освои во својот 41.настап на Гренд слем турнир.
– Сакам уште трофеи, а мечот во недела е нова шанса, изјави Зверев.
Финалистите на Вимблдон се двајцата тенисери кои 2026 година имаат повеќе од 40 победи. Синер ќе игра за својата петта Гренд слем титула, а Зверев за втората. Зверев е во одлична форма и има четири победи без загубен сет во последните пет мечеви.
Денешното финале кое почнува во 17 часот ќе биде нивни први меч на тревната подлога.
МИА


