Велика Британија издвојува над 250 милиони фунти за зајакнување на безбедноста на еврејските заедници

Владата на Велика Британија ќе издвои повеќе од 250 милиони фунти во следните три години за подобрување на заштитата на еврејските заедници, по серијата неодамнешни антисемитски напади во земјата.

Средствата ќе бидат наменети за ангажирање на повеќе од 500 дополнителни безбедносни службеници во Англија и Велс, како и за зајакнување на безбедноста околу еврејските населби, училиштата, синагогите и јавните собиралишта.

Во Лондон изминатиот период беа регистрирани повеќе напади врз објекти поврзани со еврејската заедница, меѓу кои и четири случаи подметнување пожар во амбулантни возила на еврејската заедница во март годинава. Во април, Велика Британија го зголеми националното ниво на терористичка закана по напад со нож мотивиран од антисемитизам во северен Лондон.

Новиот пакет финансиска поддршка е дополнување на претходно најавените 25 милиони фунти обезбедени по априлските напади. Од вкупната нова програма, околу 300 дополнителни службеници ќе бидат распоредени во Лондон, околу 80 во Голем Манчестер, а дополнителни 43 милиони фунти ќе бидат обезбедени за полициските сили во други области со начителен број еврејско население.

„Зголемувањето на антисемитизмот што го гледаме во последните години е тест за нашите вредности како земја, а справувањето со него беше централна точка на моето лидерство од првиот ден“, изјави премиерот во заминување Кир Стармер во изјава објавена ноќеска. 

МИА

Најчитани вести