Презентација на Програмата и приоритетите на Ирското претседателство со Советот на ЕУ за периодот јули-декември годинава

Во Собранието денеска ќе заседаваат Националниот совет за евроинтеграции и Комисијата за европски прашања.

На дневен ред на двете работни тела е презентацијата на Програмата и приоритетите на Ирското претседателство со Советот на Европската Унија за периодот јули-декември 2026 година.

Програмата и приоритетите на претседателството со Советот на ЕУ ќе бидат презентирани од Брендан Вард, амбасадор на Република Ирска во Република Северна Македонија, со седиште во Букурешт, Романија.

На седницата ќе присуствуваат и членовите на Мешовитиот парламентарен комитет РСМ-ЕУ. 

МИА

Најнови вести

Најново од Македонија

Најчитани вести