Во Собранието денеска ќе заседаваат Националниот совет за евроинтеграции и Комисијата за европски прашања.
На дневен ред на двете работни тела е презентацијата на Програмата и приоритетите на Ирското претседателство со Советот на Европската Унија за периодот јули-декември 2026 година.
Програмата и приоритетите на претседателството со Советот на ЕУ ќе бидат презентирани од Брендан Вард, амбасадор на Република Ирска во Република Северна Македонија, со седиште во Букурешт, Романија.
На седницата ќе присуствуваат и членовите на Мешовитиот парламентарен комитет РСМ-ЕУ.
МИА


