Цветановски: 73% од граѓаните имаат плата под просекот, Мицкоски го урниса животниот стандард

Со Мицкоски и ВМРО за две години животниот стандард на граѓаните е целосно урнисан.

Платите се најниски во Европа – граѓаните осиромашуваат, народот живее многу полошо од пред 2 години.

Податоците на УЈП за 2025 година покажуваат дека дури 73% од граѓаните имаат плата под месечниот просек, односно под просечната плата во земјата. 

Дури половина, 50% од вработените земале плата меѓу 24.000 денари и 36.000 денари.

Ако се спореди со минималната потрошувачка кошничка која изнесува 70.000 денари, значи дека на половина од вработените ниту две плати не им се доволни за да ги покријат основните животни трошоци.

Ова е вистината. Најголем дел од граѓаните, од работниците едвај врзуваат крај со крај.

Животот стана прескап.

Платите не го следат растот на цените, храната стана луксуз, сметките се превисоки.

Прекинувањето на растот на платите, одбивањето на владата на Мицкоски да ја покачи минималната плата на 600 евра директно води до сиромаштија во семејствата на македонските работници. 

Родителите треба да мислат за секој денар, принудени се да кратат од себе за да можат да им обезбедат основни услов за своите деца.

Денес, богато и финансиски добро стојат само Мицкоски и неговата криминална организиција ВМРО.

Кризата не стивнува. Поскапувањето на горивата е  нов ценовен удар за граѓаните и ќе донесе ново поскапување на цените на храна. 

Со Мицкоски животниот стандард е срозен, економски колапс чука на вратата додека ВМРО душмански краде од народот.

Прес конференција на СДСМ, Симона Цветановски, членка на Извршниот одбор

Најнови вести

Најново од Македонија