Во август оглас за избор на шеф на ОЈО ГОКК, Советот избра тројца раководители на обвинителства

Советот на јавните обвинители на денешната седница донесе одлука за објавување оглас за избор на основен јавен обвинител на Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција, кој согласно законскиот рок ќе биде распишан во август, односно 90 дена пред истекот на мандатот на актуелниот шеф на обвинителството.

Членовите на Советот го избраа Зоран Марковски за основен јавен обвинител на Основното јавно обвинителство Крива Паланка.

На седницата беа донесени и одлуки за определување раководители на три основни јавни обвинителства. За раководител на Основното јавно обвинителство Берово е избрана Сузана Бошњаковска, за раководител на Основното јавно обвинителство Свети Николе е избран Дарко Цветаноски, додека Едмонд Шериф е избран за раководител на Основното јавно обвинителство Ресен.

Советот ја усвои и одлуката за утврдување на бројот на јавни обвинители во јавните обвинителства во државата за наредниот петгодишен период. Според податоците презентирани на седницата, систематизацијата предвидува 261 јавнообвинителско место, додека во моментов функцијата ја извршуваат 194 јавни обвинители.

Согласно направените проекции и анализи на потребите на јавнообвинителската мрежа, во следните пет години е предвидено пополнување на уште 106 обвинителски позиции, со цел надминување на кадровскиот дефицит и поефикасно функционирање на обвинителствата во државата. 

МИА

Најнови вести

Најново од Македонија