Неколку жени од Саудиска Арабија ризикувале да бидат казнети и уапсени, откако во знак на протест возеле автомобили, се снимале и снимката ја објавиле на интернет. Неколку од нив, пред да протестираат добиле и заканувачки повици на телефон, во кои им било кажано да се откажат од намерата.
Во оваа земја не постои закон кој им забранува на жените да возат автомобили, но според обичаите и традицијата тие не семат да возат. Тоа е повеќе како усна забрана, која многу се плашат да ја прекршат.
Кон протестот на жените кои сакат да им биде дозволено да возат автомобили се приклучи и саудискиот активист и комичар Хишам Фаген, кој заедно со своите колеги, направи иронична верзија на популарната песна на Боб Марли „No woman, no cry“.
Неговото видео на „„No women, no drive“ е поставена ја Јутјуб во сабота, а веќе има повеќе од 3,5 милиони посети.
-Јас не ни слушам музика воопшто, но додека учев во САД ја слушнав оваа песна и ми го привлече вниманието. Одлучив да ја отпеам на свој начин. Во мојата земја нема музички инструменти, па ќе ја изведам заедно со моите талентирани пријатели, вели Фаген на почетокот на видеото.
Погледнете како изгледа кога младите Саудијци иронично укажуваат дека жените имаат право да возат автомобил.


