(ВИДЕО) Храбро: Што му порача раперот на Никола Груевски

Со име и презиме, адреса на живеење и цела една голгота за животот на едно семејство се зборува во песната на еден рапер од Битола.

-Aко треба и ќе горам, нема да се откажам. Во моето семејство никој не е на работа, кога бев тепан од полицијата беше сабота, порачува раперот кој ја објави оваа песна.

Раперот му порачува на Груевски дека бил тепан од полицијата и дека се борел за ВМРО, додека премиерот учел некој факултет, но по долгите патувања по градови и на прес-конференции овој рапер останал со „стапот во раце“, а премиерот си седи во удобна фотелја.