A oд кралицата – крпа за садови

Новогодишните празници се време кога секој на секого нешто подарува, купуваме мали и големи подароци за нашите најблиски, бирајќи меѓу она што можеме и она што сакаме да си го дозволиме, но дали некогаш сте се запрашале што подаруваат богатите, или кралевите и кралиците… и дали тие одат на новогодишен шопинг, бидејќи, на крајот на краиштата, и тие се обични луѓе кои сакаат да ги направат среќни нивните најблиски.

Така на пример, англиската кралица Елизабета Втора, купува подароци за своите најблиски, но и поширокото семејство, како и за оние кои ѝ служат. Таа не оди по продавници, туку „продавниците доаѓаат кај неа“. Пред празниците на нејзината маса може да се видат купиша каталози, во една од собите дури и импровизирана продавница, а кралицата бира што да се подари во нејзино име.

Изборот на божиќни подароци за сите членови на кралското семејство, младите и повозрасните, најблиските пријатели, соработниците и најважните членови на нејзиниот персонал започнува уште во првите летни месеци, кога кралицата го прегледува списокот со повеќе од 600 примачи на подароци, составен од неа и нејзиниот личен секретар, сер Едвард Јанг.

Во интервју за британскиот магазин „Closer“, Пол Барел, поранешниот батлер на кралицата, а потоа и на Лејди Дијана, го објасни начинот на „пазарење“ што го применува кралицата. Продавниците со „кралската гаранција“, (специјален печат што го дава кралското семејство) ѝ испраќаат специјални каталози, а познатата стоковна куќа „Џон Луис“ поставува еден вид импровизирана продавница во резиденцијата, со сите производи што таа би ги сакала. Кога Елизабета е во Виндзор, секогаш ја има можноста да ја посети оваа продавницата во еден од салоните на замокот, кога и да ѝ одговара. Таа тоа обично го правела по вечерата, прецизира Пол Барел, најчесто околу десет навечер, кога ѝ завршуваат сите други обврски и може слободно да си разгледува. Кралицата не сакала да ја вознемируваат додека купува. А што тоа? Можеби нешто скапо? Ќе се изненадите од одговорот! Барел вели дека кралицата секогаш избира практични подароци што можат секојдневно да се користат. Таа избегнува украсни предмети и „нешта“ што немаат цел.

„Некои чинии за пикник, на пример, понекогаш чаршаф. Или неколку кујнски крпи“, открива поранешниот батлер на кралицата Елизабета за „Closer“.

]]>

Најчитани вести