Полицијата потврди дека телото на 40-годишниот Коста Крпач е најдено во неговиот стан на улица Иво Лола Рибар откако полицајци тргнале да влезат во станот по сомнеж дека од неговиот стан е пукано во пракирано комби.
Полицијата го нашла Крпач со прострелна рана во градниот кош. Првичните сомнежи се дека станува збор за самоубиство, но полицијата истражува и друга можност.
Коста Крпач е академски сликар и директор на компанијата „Финзи ДООЕЛ“ која сега е сопственик на веб-порталот „Нетпрес“.
Извор: Телма


