Администрацијата на Трамп побара милијарда долари од Универзитетот во Калифорнија

Администрацијата на претседателот на САД, Доналд Трамп, побара од Универзитетот во Калифорнија во Лос Анџелес (UCLA) спогодба во износ од милијарда долари, јави Си-Ен-Ен.

Минатата недела, федералната влада замрзна милиони средства наменети за тој универзитет, а неговиот ректор, Хулио Франк, предупреди во писмо до академската заедница дека 584 милиони долари се суспендирани и се во опасност, што, според него, може да има катастрофални последици за научно-истражувачката активност на институцијата.

Претставниците на UCLA, според извори блиски до преговорите, се вратија на преговарачката маса и изразија подготвеност да постигнат договор за деблокирање на средствата, наведува Си-Ен-Ен, додавајќи дека администрацијата на Трамп наместо тоа бара спогодба од милијарда долари.

МИА

Најчитани вести