Адријана Лима: Еве каква долна облека да ѝ купите на вашата сакана

Кој подобро може да посоветува каква долна облека да ѝ купите на вашата девојка или сопруга од „најжешката“ мајка на светот, „ангелот“ на „Викторија сикрет“ и една од најубавите супермодели од модната писта, Адриана Лима. Таа знае колку им е тешко на мажите да го изберат совршениот подарок за девојките и одлучила да им помогне на припадниците на посилниот пол во изборот на најдоброто за нивните сакани.

Кога станува збор за долна облека, жените едноставно ja обожаваaт. Не постои жена која во својот шкаф не сака да има некоку пара на гаќи, градници или маички, со кои гордо ќе се покаже пред својот маж во кревет. Знаејќи го ова, Адријана тврди дека купувањето на секси долна облека како подарок за девојката е одлична идеја.

– Ова на што треба да внимавате е големината на градникот и гаќите. Од тоа треба да се почне, Скришно видете ја бројката на етикетата на некои од нејзините стари парчиња. Поентата на приказната е да ја изненадите, а не да ја прашате, советува Лима.

-Изберете го подарокот според вашиот вкус. Тоа што вам ќе ви се допадне, сигурно ќе ѝ се допадне и нејзе, па бидете храбри и слободно изберете го тоа што вам најмногу ќе ве возбуди на нејзиното тело. Не двоумете се за танга, каиш и корсет, секси фустан и сè друго во што би сакале да ја видите во кревет, вели Лима.

Најчитани вести