Агенцијата за млади и спорт денеска соопшти дека ги доби резултатите од спроведената допинг контрола извршена од страна на Националната анти-допинг комисија врз 15 ракометари на Металург и Вардар (мажи и жени) по случаен избор во текот на минатиот месец. Примероците кои беа испратени на анализа во референтна лабораторија во Виена се негативни што значи ниту еден од 15-те ракометари не користел забранета супстанца од Листата на забранети супстанции и методи.
Подложени на допинг контрола беа следниве ракометари:
Од РК Вардар: Михаил Чипурин, Златко Даскалоски, Игор Карачиќ Игор и Алексеј Раствортцев.
Од РК Металург: Никола Кеџо, Игор Мандиќ, Раде Мијатовиќ и Златко Мојсоски.
Од ЖРК Вардар: Билјана Црвенкоска, Екатерина Костјукова, Нигена Саидова и Ина Суслина.
Од ЖРК Металург: Драгица Митрова, Наташа Младеновска и Јована Саздовска.
Од Агенцијата за млади и спорт информираат дека преку соодветната Комисија во наредниот период ќе продолжат со спроведувањето допинг контроли во Република Македонија, но и со спроведување на Проектот, односно кампања за подигнување на свеста за опасноста од користењето допинг средства и методи за кој УНЕСКО додели грант во износ од 20 илјади долари.


