АГРОТИМ(ВИДЕО) Боне Спасовски: Законот е добар, ќе можам да ги купам осумте хектари и да инвестирам

Законот за продажба на земјоделско земјиште во државна соптвеност кој е подготвен од страна на експерти преку проект финансиран од ФАО, е објавен на страната на Единствениот национален електронски регистар на прописи (ЕНЕР).

Во јавноста имаше позитивни но и негативни реакции кои доаѓаат најмногу поради недоволната информираност на земјоделските производители околу условите и начинот на продажба на државната земјоделска земја.

Факт е дека е потребна поголема промоција на законот како и поголемо учество на заинтересираните со свои коментари, сугестии и предлози, бидејќи како што е најавено, се работи за нацрт закон кој сеуште не е финален.

На терен во село Виничани, министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Арјанит Хоџа, разговараше со земјоделци за предностите на законот.

Боне Спасовски од Виничани е еден од земјоделците кои го поддржуваат овој закон. Тој обработува 8 ха државно земјоделско земјиште, а според новиот закон нема услов 10 ха минимум да може да се купи, така што законот му одговара и тој има интерес да го купи земјиштето. Министерот му објасни за начинот и предностите на новиот закон за продажба на земјата во државна земјоделска земја.

https://www.youtube.com/watch?v=wDHJhVauZqA
]]>

Најнови вести

Најново од Агро Бриф