Почнавте да правите зимница и планирате да правете ајвар, ама ве фаќа страв кога ќе помислите на нивно лупење. Не грижете се, еве неколку трикови како да си помогнете:
1. Алуминиумска фолија
Пред печењеto, добро покријте го горниот дел од садот или тавата со алуминиумска фолија. Цврсто притиснете ги рабовите за да не може воздухот да влезе во садот. Кога пиперките се готови, не ги вадете од садот и не ја вадете фолијата, туку оставете ги покриени 20 минути. Пареата која е под фолијата ќе ја одвои лушпата oд пиперката и полесно ќе се лупи.
2. Хартија
Веднаш по печењето, пиперка завиткајте ја во кујнска хартија и оставете ја да се излади во неа. Потоа само нежно извлечете ја лушпата од пиперката.
3. Хартиена кеса
Земете цврста хартиена кеса, како онаа на пекарските производи. Начинот е ист – во кесичка ставете ги пиперките, цврсто ја затворате и оставете да се изладат во неа, па со кесата нежно одвојте ја лушпата од месото.
4. Употребете чинија
Ако ги печете пиперките во рерна, а немате фолија, веднаш по печењето, ставете ги на куп и поријте ги со некој поголем сад и оставете така да се изладат. Ќе го добиете истиот ефект како кога користите алуминиумска фолија.
5. Чепкалки за заби
Кога користеме нож за да ја извадиме лушпата што побрзо, обично го уништуваме месото од пиперката. Во оваа ситуација, употребете чепкалка за заби. Внимателно ставете ја чепкалката, нежно повлечете ја кон краевите на пиперката и на крајот со помош на прстите одделете ја лушпата.


