Ако често имате надуен стомак, еве како брзо да се ослободите од болките и гасовите

Надуеноста на желудникот најчесто се јавува кога јадете храна која тешко и бавно се вари, но експертите истакнуваат дека постои едноставно решение како да се ослободите од надуеноста, пишува Lovesensa.

Брзата храна, одредени видови зеленчук (грав, кромид, зелка, никулци, брокула или карфиол), газираните и алкохолните пијалоци предизвикуваат надуеност и болки во стомакот. Иако предизвикуваат надуеност, наведените видови зеленчук се неверојатно хранливи, полни со витамини и минерали, па затоа не треба да се откажувате од нив, туку можете да примените здрава природна метода која помага храната лесно и правилно да се вари.

Експертите истакнуваат дека најдобриот природен лек против надуеност е водата. Хидратацијата е неопходна за нормално функционирање на дигестивниот тракт, па доколку не пиете доволно вода, ќе го успорите метаболизмот и на тој начин ќе предизвикате надуеност и стомачни болки.

Секој човек треба да пие од 1,5 до 2 литри вода дневно.

Најчитани вести