Секој почеток на емотивна врска е убав, но некои забелешки за новиот партнер веднаш започнуваат да ви се вртат во мислите. Одлучувате да си премолчите, бидејќи нели, само што започнавте да се се запознавате во поинакво светло. Но, постојат и такви луѓе кои се неверојатно искрени и кои веднаш го кажуваат нивното мислење, што понекогаш знае да биде или да звучи премногу грубо од нивна страна.
Тие одат дотаму што изгледа дека уште на почетокот, но и потоа, постојано „се бунат“, бараат грешки, секогаш имаат забелешки, а астрологијата открива за кои хороскопски знаци најмногу се однесува ова:
Лав
Тие се тие кои знаат сè или се многу добродушни па постојано Ви даваат совети и во секое време ви се на располагање за такво нешто. Да се биде „советник“ за нив е прекрасно. Сепак, Лавот често открива дека нивната шармантна природа им помага да се извлечат без одговорност речиси од сè. Тие брзо му наоѓаат мана на својот партнер, бидејќи нивната одмаздољубива природа секогаш е подготвена на лесен начин да се „извлече“ со карање.
Девица
Ниту еден друг знак не успева да ги препознае недостатоците на луѓето толку брзо и прецизно како Девицата. Луѓето родени во овој знак имаат неверојатна способност секогаш да бидат во право, дури и ако тоа не ви се допаѓа. Сепак, тие се првите кои не сакаат да слушнат за нивните недостатоци, особено не од најблиските.
Шкорпија
Додека повеќето хороскопски знаци невино ги нервираат своите партнери или сопружници, Шкорпијата е единствената која тоа го прави намерно. Шкорпиите се многу вешти во подметнувањето и ја користат критиката како средство за да направат нивниот партнер да се чувствува помалку вреден. Нивните груби зборови ја намалуваат самодовербата на партнерот се додека не се почувствуваат осамено, па потоа нема што нема да направат за да му угодат на партнерот.
Стрелец
Стрелецот е прекрасен набљудувач, кој им помага на многумина совршено да ги разгледаат ситуациите. Тие се брутално искрени во своите набљудувања. Сепак, знаат да бидат крајно напорни бидејќи ви велат дека најдобро знаат и ви укажуваат каде грешите, иако и самите ги прават истите грешки и ништо не им пречи.


