Едноставен трик како да ја оддалечите змијата
Временските услови влијаат на зголемената појава на змии. Граѓаните кои ќе забележат змија да се засолнат и да ги известат надлежните органи.
Змиите не треба да ги плашете или убивате, бидејќи тие се заштитени видови.
Еден начин да се ослободите од змијата што сте ја забележале во непосредна близина е да ударате со нога на земја, бидејќи змиите не сакаат вибрации и тие ќе се оддалечат.
Најважно е што овие влекачи ги напаѓаат луѓето само кога се чувствуваат загрозени, па затоа не ги допирајте.


