Познатата американска актерка Џејми Ли Кертис (62) на социјалната мрежа Инстаграм објави фотографија, а нејзиниот изглед ги шокираше „фановите“. Имено, актерката позирала во канцеларијата каде снима, а во раката држела колаче. Покрај необичната фризура, актерката во опуштено издание покажа и како изгледа со неколку килограми повеќе заради улогата.
„Во светот постои индустрија која многу нешта крие. Коректори. Корсети. Филери. Алишта. Додатоци за коса. Производи за коса. Сето тоа нè крие какви сме навистина. На снимањето објаснив: Не сакам повеќе да кријам ништо. Го вовлекувам стомакот уште од 11-годишна возраст – тогаш кога стануваш свесна дека постојат момчиња и тела, а панталоните ти се ужасно тесни. Затоа решив да го опуштам секој мускул што го држев згрчен за да ја сокријам реалноста. Тоа беше мојата цел и никогаш не сум се чувствувала послободна – напиша актерката.
]]>


