Актерката Јелена Јованова Периќ, која го игра ликот на Јелена, еден од омилените ликови во популарната македонска серија „Преспав“, објави фотографија од своето бебе. За новиот член во семејство на актерката информираше братот на актерката, среќниот вујко кој убавата вест ја сподели социјалните мрежи.
-Нашата нова животна сила, Тома – напиша актерката Јелена Јованова објавувајќи ги првите фотографии од новородениот син.
Ова е второ дете на актерката која е во брак со Хрватот Стјепан Периќ, со кого го имаат синот Јаков.
Како и првата, така и втората бременост актерката ја држеше тајност.


