Активистка за заштита на бездомните кучиња нападната во Струга од шест бездомни кучиња

Активисткaта Нела Стојанова вчера околу 17 часот во Струга, била нападната од шест бездомни кучиња. Како што пишуваат локалните медиуми, две ја каснале, а едно ја вознемирило скокајќи врз неа.

Стојанова е неформална активистка за заштита на бездомните кучиња. По нападот од кучињата таа била во струшкото хируршко одделение каде ѝ биле санирани раните и била препратена во одделението за имунизација да прими вакцини против тетанус и беснило.

Најчитани вести