Ал Наср остана во трката за титулата со голот на Роналдо

Со победа од 3:2 во меч од 28 коло на првенството на Саудиска Арабија Ал Наср го доби дербито против Ал Шабаб. Со ова Ал Наср остана во трката за титулата со 63 бодови, три помалку од Ал Итихад. Уште две кола останува да се одиграат до крајот на првенството.

Триумфот на Ал Наср во дербито е посебно значаен затоа што беше направен со пресврт. На почеток Ал Шабаб во 40 минута водеше со 2:0 а домаќините со голот на Талиска во 45 тата минута намалија на 1:2.

Во вториот дел Бареб израмни на 2:2 во 51 минута, а за пресврт во резултатот се погрижи Кристијано Роналдо. Ѕвездата на шампионат, постигна прекрасен гол во 59 минута за резултат 3:2 за Ал Наср, кој беше и конечен на натпреварот.

Најчитани вести