Алек Болдвин за првпат се огласи откако беше ослободен од обвинението за убиството на Халина Хачинс

Судијката во Ново Мексико во петокот ги отфрли обвиненијата за убиство од небрежност против холивудскиот актер Алек Болдвин, согласувајќи се со одбраната дека обвинителите и полицијата затаиле докази за изворот на куршумот со кој на сетот беше убиена снимателката на филмот „Рѓа“ (Rust), Халина Хачинс, во 2021 година.

Сега актерот за првпат се огласи на социјалните мрежи по донесената пресуда.

„Има толку многу луѓе кои ме поддржаа и на кои треба да им се заблагодарам. До сите вас, никогаш нема да знаете колку ја ценам вашата добрина кон моето семејство“, напиша Болдвин.

Во коментарите под објавата неговите фанови пишуваат различни пораки со поддршка.

„Многу ми е мило што вие и вашето семејство сега можете да се опоравите од оваа трагична несреќа. Не заслуживте да ве влечат низ калта“; „Отсекогаш знаевме дека тој никогаш, никогаш не би сакал некој да се повреди! Бидете нежни со себе и одвојте време да се лекувате и да уживате во животот. Ве сакаме“, се дел од коментарите под објавата.

Јавно го поддржа и неговата најстара ќерка Ајрленд, која ја доби од бракот со актерката Ким Бесинџер.

Извор: slobodenpecat.mk

Најчитани вести