Двете недели боледување за Карлос Алкараз завршија. Иако за време на Мастерсот во Мадрид се зборуваше дека Шпанецот нема да се опорави за да игра во Рим, тоа нема да биде случај.
Алкараз играше само еднаш на „Фото Италик“, во 2023 година, и загуби од Унгарецот Марожан во третото коло. Пред тоа, тој го победи својот сонародник Рамос, па затоа има многу слаб настап на овој Мастерс. По неговиот неодамнешен триумф во Монте Карло, Рим е единствениот голем турнир на земјена подлога што 21-годишниот тенисер не го освоил.
Тој се повреди во финалето на серијата 500 во Барселона, каде што беше поразен од Холгер Руне во финалето. Потоа се повлече од натпреварувањето во Мадрид, и неколку дена беше во дилема дали да се штеди за Ролан Гарос, но неговото закрепнување помина подобро од очекуваното.
– Целта ми беше цело време да играм во Рим – ги пренесе „Ас“ неговите зборови.
Нема потреба да се објаснува колку Мастерсот во Рим ќе биде привлечен за фановите. Јаник Синер се враќа на теренот по тримесечна суспензија, а организаторите веќе сонуваат за финале меѓу двајцата најуспешни тенисери во последните две години. Италијанецот и Шпанецот ги поделија последните пет титули на Гренд слем турнирите.
Еден од најдобрите во истроријата, Новак Ѓоковиќ, сепак нема да игра во Рим, а сите други од првите 30 во светот се уште се на списокот на учесници, па може да очекуваме исклучително интересен турнир. Алкараз има уште еден важен мотив – му се дава можност да се врати на второто место во светот и да биде втор носител на Ралон Гарос.
Нема да биде тешка задача – дури и да не игра, ќе му биде доволно ако Александар Зверев не ја одбрани титулата, но ако игра, бројот на опции значително се зголемува. Доколку Германецот ја одбрани титулата, задачата на Шпанецот е да стигне до полуфиналето.
Според „Марка“, Шпанецот ќе пристигне во Рим во вторник, денот по ждрепката. Како и сите носители, тој ќе биде слободен во првото коло, па ќе биде на теренот овој викенд.
МИА


