Амел Чуриќ е победникот на второто издание на регионалното шоу „Икс Фактор Адриа“. Тој ја доби главната награда во износ од 20.000 евра.
Амел Чуриќ за последниот настап во суперфиналето се одлучи за песната “Da te bogdo ne volim” на “Bijelo dugme”. Амел уште еднаш го покажа својот раскошен талент, а жирито беше повеќе од задоволно. Амел, кој пред 11 години еднаш победил на талент шоу, призна дека сонувал за овој момент.
Нашиот Боби повторно ја изведе рок баладата „Bed of Roses“ маестрално и покрај здравствените проблеми. Жирито не ги штедеше пофалбите и восхитот за неговиот гигантски глас.


