Републиканскиот кандидат за претседател на САД, милијардерот Доналд Трамп се појавил во еден порно филм на „Плејбој“.
„Од луксузот во топла, пенлива купка, до уживање во ексклузивен ноќен клуб, Керол и Дарлин го откриваат својот сексуален живот и ве водат на сензуално патување“, стои во описот на филмот „Видео сентерфолд“.
Имено, филмот содржи сцена во која Трамп, во друштво на уште неколку луѓе, отвора шише шампаwско и со пена ја прска лимузината на која пишува „Плејбој“.

– Убавината е убавина, да видиме што се случува со Њујорк – ѝ вели Трамп на екипата од „Плејбој“ која дошла да го посети градот. Иако улогата на Трамп во филмот не е сексуална, но во останатите сцени се појавуваат голи жени кои позираат во сексуални пози, танцуваат, се допираат, се галат и капат, поради што ја носи етикетата „мек“ порно-филм.
Филмот е снимен во 2000 година, кога луѓето од „Плејбој“ патувале по САД и посетувале разни градови во потрага по зајачица на годината. Трамп во таа сцена глумел нивен домаќин во Њујорк. И можеби таму и би останал заборавен и затрупан со понова продукција, доколку некој во него не го препознал Доналд Трамп.
Видеото можете да го погледнете тука.
Плусинфо


