Американец претепа двајца скопјани

26 годишниот Р.М. од Калифорнија однесе двајца скопјани на Ургентен.

Како што информира полицијата, инцидентот се случил утринава околу 2:30 часот, на семејна веселба на улицата „Мито Хаџиваслилев Јасмин“ во Скопје. Р.М. бил пијан и во еден момент се збеснал и ги нападнал Т.Т.(64) и А.Т.(29) и искршил дел од инвентарот.

Повредените биле пренесени во скопскиот Ургентен центар, а Р.М. бил приведен и против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

]]>

Најнови вести

Најново од Хроника

Најчитани вести