Американската амбасада е огласи по хаосот во Собранието на Србија: Обидите со насилство да се прекине работата на Собранието се неприфатливи

Американската амбасада во Белград се огласи во врска со немирите кои денеска можеа да се забележат во српското Собрание.

– Обидите за употреба на насилство за прекинување на работата на Националното собрание се неприфатливи во едно демократско општество. Добро функционалниот парламент кој овозможува мирен и искрен дијалог е суштински за унапредување на демократијата во Србија и подобра иднина за нејзините граѓани – велат од амбасадата за Курир.

На денешната седница на српското Собрание пратениците од опозицијата предизвикаа тепачка и запалија факели, а во хаосот беа повредени тројца пратеници: Мозочен удар доживеа Јасмина Обрадовиќ на која и беше фрлена шок бомба, потоа Јасмина Каранац, како и Соња Илиќ која е во осмиот месец од бременоста.

Најнови вести

Најново од Балкан

Најчитани вести