Научници од Универзитетот во Тексас на лабораториските глувци им инјектирале „прекумерна“ доза на етанол, што е исто со прекумерно консумирање алкохол кај луѓето.
Потоа, како дел од истражувањето, на „алкохолизираните“ животни им бил вбризган хормонот FGF21 (фибробласт фактор на раст 21), кој се наоѓа во црниот дроб.
Хемикалијата испратила сигнал до мозокот да се заштити од штетното дејство на алкохолот.
Откриле дека на глувците со пониско ниво на природни хормони им било потребно подолго време да се опорават од другите. Познато е дека FGF21 штити од негативните ефекти на алкохолот со тоа што побрзо го разградува и ги стимулира мозочните клетки.
Водачот на студијата д-р Стивен Клајв од Универзитетот во Тексас вели дека се надева дека FGF21 ќе биде корисен во лекувањето на пациентите кои пристигнуваат во болница со акутно труење со алкохол.
– Откривме дека црниот дроб не е вклучен само во разградување на алкохолот. Испраќа хормонален сигнал до мозокот за да се заштити од штетните ефекти на интоксикација, вклучително и губење на свеста и координација“, објасни тој.
Резултатите од студијата беа објавени во стручното списание Cell Metabolism.


