Амиџиќ објави неодолива фотографија со синот: Огнен и Перун позираа на тераса во Турција, фризурите им се хит

Огнен Амиџиќ замина на одмор во Анталија, придружуван од сопругата Мина и синот Перун.

Водителот на емисијата „Амиџи шоу“ не крие дека ужива во родителството, па секојдневно споделува емотивни моменти со помладиот наследник, а сега објави и фотографија која никого не отви рамнодушен, пишува Информер.

Амиџиќ и неговиот син позирале на терасата од луксузниот хотел во кој биле сместени, а во таа прилика се обидел да „сними“ селфи, што резултирало со неверојатен кадар.

Во таа прилика, малиот Перун гледаше во камерата, додека и двајцата имаа слична, разбушавена фризура.

Да потсетиме, Огнен Амиџиќ по разводот со Данијела Димитровска, со која има син, стапи во врска со Мина Наумовиќ, која му подари уште еден наследник.

Најчитани вести