За пејачката Ана Николиќ со години се зборува дека има проблем со алкохолот, а сега сподели видео од експерт кој зборува токму за овој порок.
Имено, познатиот канадски психотерапевт Габор Матеа, со унгарско потекло, истакнува дека луѓето кои имаат проблем со злоупотреба на алкохол не треба да се етикетираат и нарекуваат алкохоличари, туку треба да им се пристапи како на луѓе кои на овој начин се соочуваат со длабока болка и страдање, пишува српски Блиц.
Пејачката во описот на оваа објава и самата истакна дека многумина нема да ја разберат и дека тоа ќе го гледаат како нејзино оправдување, но сепак решила со светот да го сподели мислењето на еден ваков експерт на тема алкохолизам.
– Земјаните ќе речат… Да, тоа е изговор. Но, има и такви кои се на поголема фреквенција, па ќе разберат – напиша Ана со видеото на докторот.
Дури и некој кој сега многу пие и вели: „Јас сум алкохоличар“, јас велам: „Не, не си!“ Тоа не си ти! Ти си личност која моментално поминува низ голема болка и користи алкохол за да ја задуши таа болка, но ти не си. Дури и алкохоличар не е алкохоличар во смисла за која зборувам сега. Да, пијат. Да, тие самите се повредуваат. Да, тие си го уништуваат животот. Сето тоа е вистина. Не може да се негира. Треба да се признае. Но, што ако кажеме, што ако го забраниме зборот „зависник“. И дека не можеш да го кажеш тоа за никого и дека „тој и тој“ е зависник? Што би рекле за нив? „Тој“ е човечко суштество кое многу страдало во животот и моментално се обидува да побегне од своето страдање со ова конкретно однесување кое ја признава вистината без да ја идентификува личноста со такво однесување – зборува познатиот унгарско-канадски лекар Габор Мате, кој е специјализиран за емоционални состојби како стрес и траума.


