Анчелоти: Веруваме дека сепак можеме да постигнеме нешто оваа сезона

Тренерот на Реал Мадрид, Карло Анчелоти, истакна дека навивачите продолжуваат да веруваат во тимот и покрај елиминацијата на клубот од Лигата на шампионите.

Вчера Реал Мадрид го победи Атлетик во 32. коло од шпанскиот шампионат (1:0).

– Не се сомневав дека навивачите ќе не поддржат. Тие беа одлични како и секогаш. Ние, како и тие, веруваме дека сепак можеме да постигнеме нешто оваа сезона, рече Анчелоти на прес-конференцијата по натпреварот.

Реал Мадрид има 69 бодови и е втор на табелата во Примера. Заостанувањето до лидерот Барселона е четири бода. 

МИА

Најнови вести

Најново од Спорт

Најчитани вести